Александра Пријовиќ се породила утрово и на семејството Живојиновиќ му подарила уште еден член, синот Александар. Лепа Брена не крие колку е пресреќна поради внукот.
Свекрвата, Лепа Брена е пресреќна поради приновата, а како што самата рекла, внуче чекале со години.
– Сите сме пресреќни. Го чекавме со нетрпение секој ден. Добредојде – рекла Брена веднаш по раѓањето на малиот Александар.
Породувањето на Александра Пријовиќ протекло во најдобар ред, а мајката и бебето се чувствуваат одлично.
Синот на Филип Живојиновиќ и Александра без сомнение ќе стане мезимче во семејството.