Скопскиот аеродром е добитник на ASQ- наградата за квалитет на услугите за 2018 година која ја доделува Меѓународниот совет на аеродроми. Аеродромот, како што соопшти, денеска првиот човек на ТАВ Алпер Елсој е рангиран за еден од најдобрите аеордроми во Европа во категоријата на аеродроми коигодишно имаат под 2 милиона патници. Оваа награда се доделува врз основа на споделените искуства на патниците и врз основа на 37 индикатори за успешност.
– Ова е четврти пат Меѓународниот аеродром Скопје да ја добие наградата за квалитет на аеродромските услуги. Претходно наградата ја добивме во 2012, 2013 и 2015 година. Тоа ја докажува нашата посветеност да им обезбедиме услуги со највисок квалитет на нашите патници и покрај френетичното 24- часовно темпо на работа, на еден од најбрсорастечите аеродроми на Балканот – рече Елсој.
Тој соопшти дека растотот на превезените патници секоја година е двоцифрен и најави дека и во наредниот период додека ТАВ ја има концесијата ќе обезбедува висок квалитет во работењето.
Од двата аеродроми лани се превезени 2,4 милиони патници што е годишно зголемување за 15 отсто.
Ерсој најави дека годинава од двата аеродрома во земјава ќе летаат авиони за нови осум дестинации по четири од секој со авиопревозникот Визер.
– Од Скопскиот аеродром од 19 и 20 март ќе се лета кон Баден Баден и Бремен Германија, а од Охрид од 18 и 19 март ќе се лета до Милано и Малме. Од јули пак од Охрид ќе стартуваат линиите кон Мемингем и Дортумнд, а од Скопје кон Ларнака на Кипар и кон Турку во Финска – рече тој.