Македонска цистерна со гас излета кај Врање

532

Цистерна со македонски регистерски таблички излетала од автопатот во близина на Врање, Србија, утринава околу 8 часот, јавија српските медиуми.

Во несреќата нема повредени, но автопатот во должина од петстотини метри го обезбедувала полицијата поради опасност од излевање на течниот гас и експлозија.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...