Ски-центарот „Попова Шапка“ од утре ги намалува цените на ски-билетите, информираат од ЕЛЕМ ТУРС.
Отсега билетите ќе се продаваат по нови цени: дневен билет – 800 денари, полудневен билет – 500 денари, детски билет – 400 денари и билет за ноќно скијање – 400 денари.
– Чистиот воздух, сончевите денови и снегот кој го има во изобилство, се идеални услови за посета на Ски-центарот „Попова Шапка“ – велат од ЕЛЕМ ТУРС.