Државниот здравствен и санитарен инспекторат најпрвин ќе го разгледува трагичниот случајот во кој млада мајка од Струмица, веднаш откако се породи, си го фрли бебето во полски тоалет – рече денеска министерот за здравство, Венко Филипче, за време на посетата во болницата во Охрид.
По наредба на Јавен обвинител мртвото тело е предадено на обдукција.
А за целиот случај, според Филипче, ќе се направи и стручен надзор.
Доколку биде утврдено дека станува збор за чедоморство, мајката и кривично ќе одговара.