Астронаутка порасна за пет сантиметри за три месеци во вселенска станица

250

Американската астронаутка Ен Меклејн, која е на мисија на Меѓународната вселенска станица (МВС), тврди дека нејзиниот костим веќе не ѝ е точен, односно мерењата утврдиле дека таа е пет сантиметри повисока од денот кога пред три месеци пристигнала на МВС.

Веќе е научно докажано дека неколкумесечен престој во Вселената доведува до раст на телото, обично за еден-два сантиметра, а некогаш и повеќе. Зошто се случува тоа?

Кога човекот се наоѓа во простор без земјината тежа и гравитација, пршлените се отпуштаат и издолжуваат. Така астронаутите стануват неколку сантиметри повисоки.

Но, кога тие ќе се вратат на Земјата, повторно ќе „се смалат“, односно ќе си се вратат на својата вообичаена висина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...