Најпознатата интернет страница „за возрасни“, Порнхаб нуди стипендија од 25.000 долари, за студенти кои сакаат да „ја истражат човечката сексуалност во најширока смисла“.
Откако сајтот на почетокот на минатата година ја покрена страницата Секшуал велнес Центер, објавени се стотици статии од лекари и стручни лица, задолжени за определена област која го третира човековото сексуално здравје, од биолошки до општествени теми. Проектот го води д-р Лори Бетито, главен советник на Порнхаб за клиничка психологија.
Рок за испраќање пријава е 1 мај 2018, а обрасциите ги има на порно страницата.
Добитниците на стипендија ќе мора да се согласат да претстават дел или целосни сознанија, кои Секшуал велнес Центер ќе ги објави како статии на своите страници.