На денешната владина седница, по предлог на Министерството за труд и социјална политика е донесена одлука од Собранието да се повлече доставениот Предлог закон за спречување и заштита од дискриминација и беше утврден Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за спречување и заштита од дискриминација кој сега во Собранието ќе оди по скратена постапка и со европско знаменце.
Со новиот текст на Законот се очекува да се обезбеди поефикасна заштита од дисктиминација при имплементацијата на законот. Во новиот текст на Законот се прошируваат основите за дискриминација, се менува и подобро се дефинира поимникот и дефиницијата на дискриминација, се професионализира Комисијата за заштита од дискриминација, се менува називот и надлежноста на комисијата која ќе треа да работи и на превенцијата освен на заштита, и се доуредува начинот на избор и условите за избор на членови.