Пендаровски вози „југо“, а заштедил 12.000 евра

5320

Претседателскиот канидат на коалицијата на власт Стево Пендаровски во анкетниот лист што го пријавил како национален координатор за подготовка на земјава за членство во НАТО, вели дека како свој имот има „југо темпо“ старо дваесет години, проценето на илјада евра, а нема недвижен имот.

Пендаровски како негов личен имот има заштеда од 12.230 евра. Сопругата пак на Пендаровски вози „рено меган“ од 2005, а има пријавено и девизна сметка со   заштеда од 3 илјади евра.

На веб страницата на Државната комисија за спречување на корупцијата може да се најде уште еден анкетен лист за Пендаровски, од времето кога беше пратеник каде што се пријавени две возила – „југото“ од 1999 и „меганот“ на сопругата и заштеда од околу 15.000 евра.

Во продолжение двата анкетни листа на кандидатот за претседател Стево Пендаровски:

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...