Новото Бугати Ла Војтур Ноар чини 16,7 милиони евра

317

Новото Бугати „Ла Војтур Ноар“ (во превод: „црн автомобил“) чини 16,7 милиони евра. Францускиот производител во претставувањето на А втосалонот во Женева го опиша како „ултимативен ГТ автомобил“, заснован на стандардната верзија на Бугати Чирон.

Согласно називот, возилото е обоено црно, а рачно изработената каросерија е од јаглеродни влакна. Аеродинамиката пак, му дава на возилото прилично флуидна линија.

Под хаубата нема изненадувања: мотор 8.0 В-16 со четири турбини, од 1.500 коњски сили, (1.103 киловати) и 1.600 њутн-метри максимален број вртежи, исто како и кај Чирон и Диво од истата компанија.

За перформансите засега, детали не се соопштуваат.

Бугати Ла Војтур Ноар стана и најскапиот нов автомобил на сите времиња, оти беше однапред продаден за 16,7 милиони евра.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...