На Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби поради компликации од грип почина 14-годишно дете. Детето претходно боледувало и од церебрална парализа, информираат од Министерство за здравство.
Инаку, ова е петти регистриран смртен случај од грип оваа сезона.
Според податоците од Институтот за јавно здравје, до крајот на минатиот месец се пријавени 3.209 случаи со симптоми на грип.