Комората ќе ги регистрира здравствените работници од средно до високо образование

Денешната средба претставува прв чекор и давање на ингеренции за понатамошна соработка со Комората и понатамошно партнерство во креирањето на здравствената политика според европските директиви, истакнал Филипче.

131
20121119 Monday 1034 plusinfo skopje ministerstvo za zdravstvo lekari doktori protest strajk

Министерот за здравство Венко Филипче денеска се сретна со претставници на Комората на здравствени работници со средно, вишо и високо стручно образование на Република Северна Македонија.

Повод за средбата, како што соопштија од Министерството за здравство, е давање на јавно овластување на Комората за водење на единствен регистар на здравствени работници со средно, вишо и високо стручно образование на Република Северна Македонија, како почетен чекор на понатамошната соработка и партнерство меѓу Министерството и Комората.

На средбата присуствувале претседателката на Комората Виолета Котевска, генералниот секретар Сефедин Алију, претседателот на Одборот на забни техничари Никола Николовски и претседателот на Здружението на медицински лаборанти – Клинички центар, Ивица Апостолов.

– Денешната средба претставува прв чекор и давање на ингеренции за понатамошна соработка со Комората и понатамошно партнерство во креирањето на здравствената политика според европските директиви, истакнал министерот Филипче.

Претставниците на Комората го поканиле министерот Филипче да присуствува на „LabQuality 19“, настан кој претставува стручно едукативен собир за зголемување на вештините на здравствените работници и квалитет во лабораториската медицина, што ќе се одржи на 15. април во Скопје.

„LabQuality 19“ е поддржан од Министерство за здравство и Комората на здравствени работници со средно, вишо и високо стручно образование и е во согласност со препораките на Министерството за континуирана медицинска едукација на здравствени работници во Република Северна Македонија. Целта на настанот е да се илустрира значењето на рационалната лабораториска дијагностика, квалитетот на лабораториската медицина, како и на концептот и начинот на соработка на владиниот сектор и здруженијата на граѓани, со цел подобрување на јавното здравје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...