Девојка на 19-годишна возраст се породила дома.
За бебето нема информации во полицискиот билтен, но според неофицијални информации тоа е пронајдено.
Случајот бил пријавен во СВР Струмица во саботата пред полноќ, кога девојката била хоспитализирано. Откако ѝ бил извршен преглед лекарите констатирале дека девојката претходно се породила, полицајци го прегледале домот и пронашле докази ека имало породување.
На прегледот на девојката присуствувале јавен обвинител и лекар, а увидот ќе биде завршен во текот на денот. Исто така, полицајци разговарале и со родителите на девојката.
Од полицијата соопштија дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.