Од 2021 година во ЕУ се укинува поместувањето на стрелките на часовникот

267

Со 23 гласа „за“ и 11 „против“ Одборот на Европскиот парламент вчера донесе резолуција со која од 2021 година во цела Европска унија ќе се укине летното и зимското сметање на времето.

Земјите-членки сега треба да се координираат и до април 2020 година да одлучат дали ќе останат на зимско или летно сметање на времето.

Според направените анкети, 84 проценти од Европејците се изјаснија да не се менува времето во летно или зимско, односно да има само едно сметање на времето како пред 1976 година, 56 отсто сакаат да остане летното сметање, додека 36 проценти на зимското сметање на времето.

Промената на времето, воведена во 1976 година, отсекогаш беше критикувана. Во септември 2018 година, претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, по консултација со неколку милиони европски граѓани, предложи во Европската унија да се запре со промената на времето во зимско и летно сметање.

Последната промена на времето требаше да биде на 1 април 2019 година. Но, европските министри за транспорт, кои се состанаа на 3 декември 2018 година, ја разгледуваа можноста, датум за напуштање на овој систем, да биде одреден дури во 2021 година. На крајот од координативното дејство, секоја земја-членка ќе мора да избере дали да остане на летното или зимското сметање на времето.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...