Хилари нема да се кандидира за претседател во 2020, ужива во животот на писателка, активистка и баба

Клинтон додаде дека планира да продолжи да работи и да ги брани своите убедувања и потенцираше дека ужива во животот на писателка, активистка и баба.

364
ФОТО: EPA / NEIL MUNNS

Поранешната државна секретарка на САД Хилари Клинтон изјави дека нема да се кандидира за претседател на изборите во 2020 година, јави Си-Ен-Ен.

Со тоа таа стави крај на шпекулациите дека ќе учествува во претседателската трка во 2020 година.

Клинтон додаде дека планира да продолжи да работи и да ги брани своите убедувања и потенцираше дека ужива во животот на писателка, активистка и баба.

Таа одби да посочи кандидат од Демократска партија кого би поддржала. 

ФОТО: EPA / NEIL MUNNS

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...