EП: Да се отворат пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија

„И Албанија и Северна Македонија ги завршија нивните домашни задачи, неопходни за отпочнување на пристапните преговори“, е пораката на делегацијата на Надворешно–политичкиот одбор на Европскиот парламент.

570

Пратениците на Надворешно–политичкиот одбор на Европскиот парламент (АФЕТ) ги повикаа земјите членки на Европската Унија оваа година да ги започнат пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија.

– И Албанија и Северна Македонија ги завршија нивните домашни задачи, неопходни за отпочнување на пристапните преговори – е пораката на делегацијата на Надворешно–политичкиот одбор на Европскиот парламент.

Во соoпштението на ЕП се наведува дека 2019 година е клучна за Северна Македонија и Албанија, поради фактот дека земјите – членки во јуни ќе одлучуваат за подготвеноста на тие земји за отворање на пристапните преговори.

“„Северна Македонија и Албанија ги направија значајните реформи под тешки околности и сега е клучно членките на ЕУ врз основа на тие достигнувања да го признаат направениот напредок и да одлучат да ги започнат пристапните преговори оваа година“, се наведува во соопштението.

Делегација на Надворешно–политичкиот одбор на Европскиот парламент која од 27 февруари до 1 март престојуваше во Тирана и во Скопје ги повика двете земји да го задржат фокусот на реформите во областа на правосудството, економијата, владењето на правото и јавната администрација.

Пратеникот Туне Келем, кој ја предводеше оваа делегација истовремено предупреди дека и покрај покажаната одлучност во спроведувањето на реформите постои недостиг од национално единство, што може да го наруши процесот на ЕУ-интеграциите на Северна Македонија и Албанија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...