На поповите и оџите не им беше дозволен влезот во Собрание

1609
На денешната расправа за предлог-законот за абортус на Комисијата за здравство, неколку верски лидери се обиделе да присуствуваат, но тоа не им било дозволено.
Тие стасале само до вратите на Собранието.
Ние сме секуларна држава, сите досегашни практики на работата на Собранието се во насока на тоа дека верските заедници не биле поканети – објасни претседателката на Комисијата за здравство, Мирсада Емини Асани.
Откако биле спомнати верските заедници, Асани нагласила дека сите верски заедници во Македонија искажале интерес за оваа тема.
– Почнувајќи од членот 19, амандман 7 од Уставот на Македонија, ние сме секуларна држава. Сите досегашни пракси на работата на Собранието, се во насока дека не биле поканети верските заедници, но тие имаат можност да го дадат и да го понудат своето мислење – објасни Асани.
Пратеникот Павле Богоевски напиша: „ Неколку верски лидери се обидоа да дојдат на расправата. Бидејќи не беа поканети од страна на Комисијата за здравство согласно Деловникот, не им беше дозволено да присуствуваат“.
Верските лидери, како што дознаваме, биле поканети на јавната расправа од страна на дел од Здруженијата, но според Деловникот, покани може единствено да доставуваат од собраниските комисии.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...