Британската опозиција ја обвинува Меј дека се обидува да ги поткупи да гласаат за нејзиниот договор за Брегзит

195
ФОТО: EPA / ANDY RAIN

Британските опозициски политичари денеска ја обвинија премиерката Тереза Меј дека се обидува да ги поткупи за да гласаат за нејзиниот договор за Брегзит.

Владата најави пакет од 1,6 милијарди фунти за финансирање на обновата на „пропаднатите“ заедници во текот на неколку години.

Фондот „За посилни градови“, чии детали британските весници ги објавија минатиот месец, за многумина претставува дел од напорите на Меј да добие поддршка за нејзиниот договор за Брегзит од опозициските лабуристички пратеници кои претставуваат области, главно во северна Англија, кои масовно го поддржаа излезот од ЕУ.

– Општините во цела Англија гласаа за Брегзит како израз на својата желба да видат промена; тоа треба да е промена кон подобро, со повеќе можности и проширена контрола – истакна Меј во соопштение.

Министерот за финансии во сенка на опозициската Лабуристичка партија Џон Мекдонал изјави дека фондот е „поткуп за Брегзит“.

ФОТО: EPA / ANDY RAIN

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...