Поскапуваат горивата

„Еуросуперот“ од 95 октани ќе се продава по цена од 64,50 денари за литар, додека, пак, „еуросуперот“ од 98 октани ќе се продава по цена од 66,50 денари за литар.

514

Во просек за 2,24 отсто се зголемуваат цените на нафтените деривати од полноќ, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажните цени на бензините „еруросуперБС-95“ и „еуросупет БС-98“ се зголемуваат за два денари за литар. „Еуросуперот“ од 95 октани ќе се продава по цена од 64,50 денари за литар, додека, пак, „еуросуперот“ од 98 октани ќе се продава по цена од 66,50 денари за литар.

Малопродажната цена на дизелот „еуродизел (Д-Е V)“ од полноќ се изнесува 61 денар за литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1)  ќе изнесува 49,50 денари за литар.

Цената на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,619 денари и ќе изнесува 32,847 денари за килограм.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...