Министерот за надворешни работи, Никола Димитров на средба со вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Чешка во Република Северна Македонија, Мирослав Томан доби медал од чешкото Министерство за надворешни работи по повод 25 годишниот јубилеј од воспоставување дипломатски односи меѓу двете земји.
На средбата беа потврдени пријателските односи меѓу двете земји, а се разговарало за процесот на европска интеграција на Република Северна Македонија и поддршката која ја добива на тој пат од Република Чешка, како и за можностите за интензивирање на севкупната билатерална соработка во областите од заемен интерес, со акцент наекономската размена.