Ширер: Салах е големиот проблем за Ливерпул

298
ФОТО: EPA / PETER POWELL

Во овој момент, големиот проблем на Ливерпул е Мохамед Салах. Тоа е она што легендата на Премиер Лигата, Алан Ширер, го објави во неговата колумна во весникот „Сан“.

Голгетерот на „црвените“ доживува тешкотии во последно време, откако престана да бележи, а вчера пропушти две одлични можности, по кои можеше да донесе успех над Евертон.

– Формата на Сала треба да биде најолемата грижа за Ливерпул. Тој ги потроши двете најдобри шанси против Евертон и изгледа дека му недостасува самодоверба, а и покажува нервоза. Ова е многу загрижувачки во овој важен дел од сезоната. Тој сепак има 17 гола во Лигата, што е добро достигнување, но неговото претставување нема ништо заедничко со она од минатата сезона, кога во овој период имаше 24 погодоци. И оваа кампања е поважна бидејќи Ливерпул се бори за титулата – вели тој.

Легендата на Њукасл додава дека противничките дефанзивци очигледно веќе знаат што сака да прави тој, но и неговото влијание во важните натпревари веќе е изгубено.

– На 8 натпревари против тимовите од топ 6 и во двете дерби со Евертон, има само еден гол, и тоа од пенал. Во исто време Серхио Агуеро не престанува да бележи за Манчестер Сити. Сепак, против Евертон, целиот тим на Ливерпул не играше добро. Тие не постигнаа ран гол и тоа ги загрижи – истакна Ширер.

Поранешниот напаѓач изрази верување дека и актуелниот лидер на табелата Манчестер Сити ќе изгуби поени во претстојните дуели, но во моментов веќе се зависи од нив, а не од тимот на Јирген Клоп.

ФОТО: EPA / PETER POWELL

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...