Меѓу Герет Бејл и останатите фудбалери на Реал Мадрид има големо недоразбирање, информира шпанското издание „Марка“. Односите на репрезентативецот на Велс со играчите на „белите“ се влошуваат.
Меѓу поголемиот дел од ѕвездите на „кралскиот“ клуб и Герет Бејл има отуѓување, што влијае на неговото претставување.
Група фудбалери се незадоволни и од тренерот Сантијаго Солари, па така тензијата во соблекувалната на Реал Мадрид почнува да расте.
Фудбалерите не разбираат зошто Герет Бејл бил вклучен во почетниот состав на Реал Мадрид против Барселона (0:1) на „Сантијаго Бернабеу“ во Ла лига, а потоа беше заменет во 61-та минута.
Незадоволството расте уште повеќе од фактот дека откако бил сменет, тој седнал до Марсело, со кого поминал кратко време, а потоа се упатил во соблекувалната, за да се прибере дома, без да го дочека крајот на „Ел Класико“.
Во исто време раководството на клубот се обидува да го задржи спокојството и трпението, откако продолжува да му гласа доверба на Солри и играчите, со надеж дека резултатите ќе бидат присутни во Лигата на Шампионите.
Изданието сепак предупредува дека промените најверојатно ќе се случат ако Реал Мадрид изгуби од Ајакс утревечер.
ФОТО: EPA / MAHMOUD KHALED