Истрага против гостинот кој го застрелал колегата со кој пиел на иста маса

1153
Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице за сторени кривични дела – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик и Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот синоќа во објект на ул. 29 Ноември во Тетово лишил од живот едно лице. Убиството се случило откако на маса во објектот заедно седеле пет лица, консумирајќи алкохол. Во еден момент, сторителот извадил пиштол, го репетирал и испукал проектил во едно од лицата. Притоа му нанел смртоносни повреди од кои оштетеното лице починало на лице место. Останатите три лица кои беа задржани во полициска станица непосредно по инцидентот, се сведоци на настанот.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово до судијата на претходна постапка достави Предлог за определување мерка притвор на осомниченото лице. Судијата од Основниот суд во Тетово го прифати ваквиот предлог и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...