Демократската Партија на Турците го поддржува заедничкиот кандидат Пендаровски за претседател

501

Денес Централниот Управен Одбор и Централното Собрание на ДПТМ го разгледаа овој предлог, и по подолга дискусија околу општата состојба во државата, беше едногласно донесена одлука за подржување на заедничкиот кандидат за претседател на Република Северна Македонија, Г-дин Стево Пендаровски. Длабоко веруваме дека идните претседателски избори што ќе се одржат на 21 Април 2019 година ќе поминат во мирна и демократска атмосфера и ќе придонесат за поголем економски развој и благосостојба на сите граѓани на Република Северна Македонија, соопштија попладнево од Демократската  Партија на Турците на Македонија.

Од партијата појаснуваат дека на средбата со премиерот Зоран Заев во врска со Претседателските избори кои ќе се одржат во Април 2019 година, како Демократска  Партија на Турците на Македонија „ги искажавме нашите очекувања околу можната подршка на заедничкиот кандидат за претседател на Република Северна Македонија. На 1. Март 2019 година беше одржана средба со сите лидери на политичките партии кои се дел од владеачкото мнозинство, кои даваат подршка на политиките на владата за членство на Р.С.М во НАТО и ЕУ на која беше донесена едногласна одлука за давање на подршка на еден заеднички кандидат за претседател на државата“.

Беше одлучено, донесената одлука на лидерската средба да се разгледа во повисоките органи на сите политички партии кои учествуваа на средбата, која што денеска  беше разгледана и во Централното Собрание на ДПТМ.

На средбата со премиерот која беше одржана во Собранието на Р.С.М  беа разгледани повеќе теми од кои како најважни беа случувањата околу уставните измени и  дополнувања низ кои поминавме последново време, односно промена на уставното име, како и потпишувањето на протоколот за членство во НАТО, а во Јуни 2019 ни предстои почеток на предпристапни преговори со ЕУ.

Од наша страна како најголема партија на Турците на Р.С.М, беше искажана чувствителноста во врска со заштитата и унапредувањето на уставно загарантираните права на помалку бројните етнички заедници, како и потврдување на стратешкото  партнерство кое  Р.С.М го има со нашата матична држава Република Турција.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...