Изет Меџити шеф на Изборниот Штаб на ДУИ

Централниот Совет на Демократската Унија за Интеграција едногласно донесе одлука за учество на претседателските и локалните избори во Дебар и Охрид.

1003
Лидерот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети, ги извести членовите на ЦС на ДУИ за разговорите со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и заедничкото договарање за излез на овие избори со заеднички кандидат.
Централниот Совет на Демократската Унија за Интеграција на денешната седница во Тетово дискутираше за претседателските и локалните избори, основањето на  Изборниот централен штаб и текот на процесот на регистрација на членството на Демократската Унија за Интеграција, соопштија денеска од оваа партија.
Централниот Совет на ДУИ едногласно донесе одлука за учество на претседателските и локалните избори во Дебар и Охрид.
Претседателот Ахмети, предложи Централниот Изборен Штаб да го основа потпретседателот на ДУИ, Изет Меџити, додека Централниот Совет едногласно ја поддржа одлуката.

Претседателот Ахмети елаборираше околу концептот на консензуалноста што ДУИ го има промовирано уште од 2014 година, при што истакна дека носителите на изборниот легитимитет на двете мнозински заедници, во овој случај ДУИ и СДСМ, заедно со претставниците на другите заедници, се договорија за заеднички кандидат за Претседател на земјата.
Ахмети и ДУИ не делуваат со стандарди на дневните политики, туку со стратегија, долгорочни цели и визии, со рационалност и без фоклоризам, во корист на заедницата која ја претставуваат и во корист на сите граѓани.
Централниот Совет на Демократската Унија за Интеграција едногласно го поддржа концептот на заедничкиот консензуален кандидат и кандидатурата на г-дин Стево Пендаровски за Претседател на Северна Македонија.
Исто така, Централниот Совет одлучи Собранието на Форумот на Жени на ДУИ да се одржи на 14 април 2019 година во Скопје, додека Собранието на Младинскиот Форум на ДУИ да се одржи во Тетово.
Процесот на регистрација на членството ќе започне веднаш и ќе трае до крајот на месец март.
Воедно,  се потврдија двете работни групи за предлог на статутарните промени и за политичката платформа на ДУИ после заокружувањето на нормативните делови на Охридскиот Договор.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...