Чадиковски: Има министри кои се закануваат со тужби на новинари

305

Сѐ уште и денеска има министри што квалификуваат медиуми на овој или оној начин и денеска има министри што наместо да одговараат на новинарски прашања тие одговараат со контра прашање, најчесто во иронична смисла или во некоја друга смисла која би требало да го навреди новинарот – изјави Младен Чадиковски, претседател на Здружението на новинарите во Македонија во своето интервју за Радио слободна Европа.

Запрашан како го оценува односот на актуелната власт кон медиумите, тој рече дека самата смена на актуелната власт донесло една смена на односот кон медиумите, и дека тоа не е доволно, доколку се сака да се има системски промени во медиумите.

Чадиковски изјави дека новинарите се запознаени дека има обиди да се формира некаков фонд за медиуми.

Тој оценува дека новинарите се против јавните пари во медиумите.

– Државните пари досега не донеле ништо добро во медиумскиот простор, само што со тие пари последните 10 години медиумите паднаа на најниско ниво во регионот, рече Чадиковски, кој додаде „се има поголема транспарентност, поголема отчетност, тоа може да се забележи, но повторно има проблеми со кои медиумите се соочуваат“.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...