Американец тешко повреден паѓајќи на скијање на Пелистер

515

Вчера во 14 часот во Центарот за известување и команда Битола, од Итната медицинска помош – Битола било пријавено дека од нивна страна во Клиничка болница Битола бил пренесен Д.Ц (37), државјанин на САД, кој се повредил при пад на скијање. Кај Д.Ц. е констатирана тешка телесна повреда, што ја здобил при  учество на турнир во скијање што се одржувал во скијачкиот центар Копанки-Пелистер.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...