Во Полициската станица во Охрид вчера околу 16.50 часот , од болницата „Св.Еразмо“ било пријавено дека кај нив бил донесен П. М. (56) од Охрид, кој имал тешки телесни повреди здобиени при пад од висина при градежни активности во хотел во населбата Лагадин-Охрид.
Поради сериозноста на повредите, П.М бил пренесен во Клинички центар -Скопје. Полициски службеници излегле на местото на настанот, а известен е и јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот.