Жител (74) на селото Облешево синоќа настрадал откако во него удрил автомобил „Опел“ на магистралниот пат Штип-Кочани, кај село Облешево, информираат од полицијата.
Тој со тешки телесни повреди бил итно пренесен во Клиничката болница-Штип. По овластување на јавен обвинител, увид на лице место извршила екипа од ПС-Кочани. Се работи на расчистување на случајот.