Со 4 килограми хероин во „ауди а6“ во Белград уапсени граѓани на Северна Македонија и Украина

1245
EPA/Djordje Savic

Српската полиција во Белград уапси државјанин на Република Северна Македонија и на Украина кај кои пронајде над четири килограми хероин.

С.Х. (1965) од Северна Македонија и Н.Ш (1986) од Украина се уапсени под соменение дека извршиле кривично дело неовластено производство и ставање во промет опојни дроги.

Како што соопштува српското МВР пронајде 4,2 килограми хероин во внатрешниот дел од алуминумските фелни на возило „ауди а6“ со романски регистарски ознаки во кое се наоѓале осомничените.

На осомничените им е одреден притвор до 48 часа, по што со кривична пријава ќе бидат изведени пред Вишо јавно обвинителство во Белград.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...