ЦИВИЛ повикува на засилен мониторинг на изборниот процес

62

Говор на омраза, лажни вести, предвремено започнување на кампања, изборна корупција, злоупотреба на јавните ресурси, злоупотреба на службената положба, притисоци, закани и уцени – се дел од предизборната палета на политичките структури што ЦИВИЛ ги нотира за време на сите изборни процеси досега.

Без будното око на набљудувачите, организациите за човекови права и слободи и на сите свесни и совесни граѓанки и граѓани, тие појави би поминале незабележано. Без оглед на тоа дали институциите се зајакнати или не и без оглед на степенот на владеењето на правото, една од најважните компоненти на еден изборен процес е токму мониторингот што го спроведуваат непартиски и невладини структури, групи и поединци.

Затоа, ЦИВИЛ повикува на вклучување во долгорочниот мониторинг на изборниот процес. Овој повик се однесува на соработниците и долгорочните набљудувачи, како и на сите членови и поддржувачи, учесници на семинарите за граѓанско новинарство и други заинтересирани граѓанки и граѓани.

Не постои непотребна или неважна информација, напротив, сите информации се добредојдени. Сите што сакаат да помогнат во изборниот мониторинг, можат тоа да го направат начин што им е најлесен. Прифатливи се сите можни формати: видео снимки, фотографии, скенови од комуникации или постови на социјални мрежи.

Извештаите, односно пријавите може да се испраќаат во порака по електронска пошта (monitoring.civil@gmail.com)Фејсбук, по телефон (02 / 5209 176), на онлајн пријавата за изборни нерегуларности или лично во седиштето на организацијата во Скопје.

Воедно, ЦИВИЛ ја информира јавноста дека во тек е конкурсот за долгорочни и краткорочни набљудувачи на изборниот процес. Заинтересираните можат да аплицираат преку онлајн формулар, лично и преку електронска пошта (monitoring.civil@gmail.com).

ЦИВИЛ Тим за комуникации

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...