Eтиопеецот Легесе го освои маратонот во Токио

59
foto mia

Етиопеецот Бирхану Легесе го освои маратон на улиците на главниот град Јапонија, Токио. Тој го надмина растојанието од 42.195 километри за 2:04.48 часа. Временските услови во Токио не беа многу погодни за трката, бидејќи врнеше и времето беше ладно.

– Мило ми е што победив, но лошото време беше пречка за мене, се надевав на подобар резултат, рече победникот по трката.

Второто и третото место ги освоија претставниците на Кенија – Бедан Чароки со 2:06.48 и Диксон Чумба со 2: 08.44, кој минатата година стана шампион.

Кај жените, првите три беа од Етиопија. Победничка беше Рути Ага со 2:20.40, по што следеше нејзиниот сонародник Хелен Тола со 2:21.01 и Шура Демисе со 2:21.05.

Околу 38.000 луѓе учествуваа на токискиот маратон оваа година

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...