Тренерот на Вардар, Роберто Парондо изрази задоволство од триумфот над актуелниот европски шампион Монпеље во последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите.
– Задоволен сум од победата на овој дуел против тим каков што е Монпеље. Се работи за еврoпски шaмпион и не треба многу да се зборува за квалитетот. Задоволен сум како почнавме, имавме добра разлика и ја одржувавме. Имавме 50 минути одличен меч, но и десет минути од кои не можеме да бидеме најзадоволни – изјави Парондо.
Капитенот Стојанче Стоилов е задоволен од третото место изборено со различен состав од ланскиот.
– Никој од нас не очекуваше да бидеме на 3. место. Си заминаа звучни имиња од нашиот тим, а не беа ангажиравме ракометари со слично реноме кои ќе ги заменат. Сите сметаа дека не сме на нивото од лани, но покажавме дека ова е колективен спорт. Можевме да бидеме и втори, но никој не треба да ни се лути што загубивме од Веспрем бидејќи го победивме овој противник во Унгарија. Сепак, прво треба да го одработиме осминафиналето, а потоа да размислуваме за она што ни претстои – рече Стоилов на прес – конференцијата по натпреварот.
Вардар го победи Монпеље со 33:27 и продолжува во ТОП 16 фазата со амбиции повторно да избори учество на завршниот „Фајнал фор“.
ФОТО: МИА