Лошите услови за живот и образование се главни причини за иселувањето на младите. Ова меѓудругото го изјавила Гордана Силјановска Давкова на средба со граѓаните во Пехчево.
– Сите зборуваат како да се спречиме егзодусот на младите каде што нема млади, не се раѓаат бебиња, наталитетот паѓа, иднината ни е под знак прашалник и си велиме што е она што ги тера да бегаат од овде. Податоците велат дека 58% од анкетираните од младите, сметаат дека основната причина е лошите услови или лошиот живот. Е, сега колку е ова во хармонија со основното мото на партијата на власта и коалиционите партии, нели кои не убедуваа дека основната цел во нивната програма, во нивното дејствување е да го вратат животот во Македонија – изјавила Силјановска, која е претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.
Таа додала дека „ако е враќање на животот да ги истерате и оние млади кои би било најдобро за оваа земја да останат овде, бидејќи тие се најработно способните, тие се во најплодната восраст, тие можат да направат демократски промени во Македонија, тогаш голем проблем има со животот во Македонија“.
– Тој како да се преселил или како нашите млади луѓе да влеваат живот во некоја од соседните држави најчесто во Италија. Втората причина заради која си заминуваат младите од Македонија е некаде над 45% дека одат надвор заради лошото образование – додала Силјановска.