Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, изјави дека машкиот фудбал треба да учи од однесување на фудбалерките на теренот.
– Жените се попријатни од мажите. Веројатно, бидејќи понекогаш мажите сакаат да ја покажат својата сила, нивната природа. Ова се рефлектира во однесувањето во општеството и на фудбалскиот терен. Кога станува збор за однесувањето, мораме да учиме од женскиот фудбал – порача првиот човек на Светската фудбалска асоцијација.
Под водство на Инфантино, ФИФА посветува големо внимание на женскиот фудбал и работи на проекти на негова популаризација.