Полусестрата на Маркл: Меган нема срце и не е жртва

1796
ФОТО: E! News

Меган Маркл нема срце и не е жртва, вели нејзината полусестра Саманта Маркл во новиот документарец, кој се фокусира на расправии во семејството на војвотката од Сасекс.

Саманта често зборува против и принцот Хари во последниве години. Тоа, особено поради нивниот однос, како отуѓување од таткото Томас Маркл, кое започнало по нивната венчавка во 2018 година. Тоа отуѓување следувало по неговото учество во претходно испланирани папарацо фотографии, за кои тој се извинил.

-Таа нема срце, ако имаше ќе правеше се, за да направи татко и да се чувствува удобно во неговите стари години – вели Саманта во интервјуто за „Меган и нејзините: Семејство во војна“ што се прикажуваше на британскиот „Channel 5“ – Па, скршено срце? Не, неговото срце е скршено. Таа не може да се направи жртва тука.

Меган и кралското семејство немаат дадено одговор на коментарите на Саманта.

Минатиот месец, таткото на Меган со медиумите сподели писмо од 2018 година, за кое тој тврди дека е напишано од војвотката. Во него, таа наводно вели дека тој престанал да се јавува на неговиот телефон и „одбрал да зборува само со таблоидите“. Таа ги обвинува него и Саманта за лажење на прес-конференција. Наводно, додала дека таа „едвај ја познава“ нејзината полусестра.

Во доументарецот, Саманта открива дека семејните расправии започнале откако Хари во 2017 година изјавил за Би-Би-Си Радио 4 дека тој претпоставува оти кралското семејство е тоа што „таа никогаш го немала“.

– Прво нешто што помислив е тоа, дека на Хари не му е кажана целата приказна. Нешто не се вклопуваше. Иако не бевме класично семејство кое се собира за секој празник, ние бевме семејство – вели Саманта, пренесува Дејли мејл.

ФОТО + ИЗВОР: E! News

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...