Џони Деп од бившата жена бара 50 милиони долари

796

Холивудската ѕвезда Џони Деп ја тужи екс сопругата Амбер Херд и бара 50 милиони долари, откако таа претходно го обвини за физичко насилство.

Нејзините обвинувања за злоставување од пред повеќе од две години, тој ги нарече „лажни“ и одлучи да ја тужи, пишува „The Blast“.

Тужбата всушност се однесува на новинарски прилог од 32 годишната Амбер, во кој се тврди дека и се заканувале со смрт и останала без работа, откако го обвинила за злоставување.

Двајцата беа во брак 15 месеци, а таа во 2016 година објави фотографија од лицето со модринки, тврдејќи дека тој и ги нанел раните, откако и го фрлил телефонот во лице.

Актерот од самиот почеток ги отфрла обвиненијата и тврди дека тој е жртва на злоставувањето.

ФОТО: EPA/ETTORE FERRARI

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...