Поради големиот број шумски пожари во австралиската сојузна држава Викторија наредена е евакуација на илјадници луѓе.
Бура проследена со громови предизвика најмалку сто пожари во последните 24 часа во државата Викторија.
Засега нема опожарени куќи, но огнот брзо се шири кон населените места. Гаснењето на пожарите е отежнато поради ветерот.
Издадено е предупредување дека два големи пожара можат да се спојат во државниот парк „Бунип“, што е лоциран на околу 100 километри јужно од Мелбурн.
ФОТО: МИА