Нов протест на „жолтите елеци“, Макрон уште еднаш повика на почитување на мирот

106
Photo: EPA / IAN LANGSDON

 „Жолтите елеци” денеска повторно на антивладините протести во Париз и други француски градови.

Демонстрантите се собраа пред Триумфалната порта во Париз, од каде го почнаа денешниот марш.

Францускиот претседател Емануел Макрон уште еднаш повика на почитување на мирот и го нарече насилството на протестите, кои започнаа во ноември, „неприфатливо”.

Организаторите велат дека сакаат да продолжат со притисок врз Владата, за да им овозможи на граѓаните да ги изразат своите ставови за економските и демократските проблеми. Владината „голема дебата” за оваа тема, која трае два месеца, ќе заврши во текот на март.

Photo: EPA / IAN LANGSDON

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...