Министерот за економија Крешник Бектеши потрошил најмногу пари за угостителски услуги во споредба со сите други министри, покажува алатката на владата за трошоците на јавните функционери.
Над 14 илјади евра тој потрошил за угостителски трошоци – 7.300 евра биле во надворешни угостителски објекти во земјава, 5.100 евра биле во мензи и бифеа во рамки на институтициите, додека 1.500 евра во ресторани во странство.
Министерот за надворешни работи Никола Димитров, кој според позицијата, е и очекувано најмногу да патува и да се сречава со функцинери од странство, во ресторани во Македонија и надвор од неа потрошил 2.500 евра.
„Најштедливи“ се министрите за внатрешни работи и за транспорт и врски, кои за овие услуги потрошиле по 500 евра.