Загина 20-годишно момче по пукање кај Сарај

1036

Дваесетгодишно момче им подлегна на повредите здобиени во оружен инцидент што се случил ноќеска на влезот од село Шишево, кај Сарај, во кој повредено е уште едно лице.

Како што соопшти МВР, ноќеска околу 02 часот во СВР Скопје пријавено е дека во Клиничка болница „Систина“ од страна на С.Т. (24) од с .Шишево биле донесени со повреди А. А. (20) и Г. А. (36), сите од с.Шишево.

– Според пријавеното, тројцата се движеле со возило „БМВ“, а пред нив се движело возило „Мерцедес“, управувано од Е.Ш. од с.Шишево, со кого претходно имале расправии. На влезот во с.Шишево возилото „мерцедес“ застанало до патот, а по него запрел и Г.А., кој го управувал возилото „БМВ“. Е.Ш. и Г.А. излегле од возилата и почнале да се расправаат, по што Е.Ш. со пиштол пукал кон Г.А., а потоа и кон А.А.. С.Т. ги пренел А.А. и Г.А. во болницата „Систина“, каде А.А. починал – наведуваат од МВР.

Се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...