Вчера во 11.10 часот во реонот на село Лојане мото патрола од ПС за ГН- Сопот при обид за нелегално поминување на државната граница од Република Србија кон Република Северна Македонија затекнала шест лица од Кина, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.
Лицата биле приведени во СВР Куманово за понатамошна постапка.