Актерката Аманда Бајнс пред некое време си ја соголи душата за „Paper Magazine“. Тогаш кажа дека во минатото сите мислеле дека е добра девојка, а таа всушност земала марихуана од 16 години. По марихуаната, таа продолжила на потешки дроги како МДМА, кокаин, екстази. Дури и се случувало да заборави што треба да каже во некоја филмска сцена.
Под дејство на дрога, му кажала збогум на Холивуд и тоа преку Твитер. Се пофалила со четиригодишна апстиненција, за што им заблагодарила на своите родители.
Сега таа наводно заминала на рехабилитација. Според извор на „People“, состојбата на актерката се влошила кон крајот на минатата година, кога повторно му се врати на Холивуд.
ФОТО: Paper Magazine