Откако го навредија Џафери, црногорските пратеници се фатија за гуша ВИДЕО

4196

Освен инцидентот со македонскиот претседател на Собранието Талат Џафери, кого црногорската опозиција на денешната седница при усвојување на протоколот за НАТО за Северна Македонија го нарече „терорист“ во парламентот за малку ќе дошло и до физичка пресметка.

Еден од лидерите на Демократскиот фронт Милан Кнежевиќ од клупата почнал да дофрла навредувачки зборови за Миодраг Вуковиќ од ДПС.

Кнежевиќ го прекинувал Вуковиќ додека зборувал, поради што од претседателот на црногорското Собрание побарал да го прекине, додавајќи дека не сака да полемизира со него.

Откако пресметката била прекината, Кнежевиќ имал и нова порака за Вуковиќ.

„Мене Мишко Вуковиќ овде ми вели „сега ќе видите што ќе ви направиме“. И никој не реагира. Е, јас му порачувам на Мишко и на сите кои ќе се обидат нешто да ми направат на мене и на Андреј Мандииќ, или на било кој од нашето семејство, нека бидат подготвени дека ќе ги чека повратен удар“, рекол Кнежевиќ.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...