Стево Пендаровски заеднички кандидат за претседател на СДСМ и ДУИ

1948

Стево Пендаровски ќе биде заедничкиот кандидат за претседател на СДСМ и ДУИ, потврдуваат партиски извори.

Социјадемократите вечерва ги разгледуваат кандидатурите на 24 кандидати кои се пријавиле на огласот што го распиша партијата и преовладувало мислењето дека  Пендаровски е најдобриот кандидат за претседател на државата.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев, на излегување од партиското седиште рече дека на средбата со коалициските партнери и со ДУИ во хотелот Хилтон во Скопје, ќе го соопшти предлогот на СДСМ и дека очекува поддршка.

Пендаровски беше кандидат на СДСМ и на претходните избори.

Се очекува одлуката на СДСМ да биде потврдена и од ДУИ.

Кандидатот СДСМ ќе го промовира на конгрес в недела.

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев и претседателот на ДУИ Али Ахмети во средата постигнаа договор за заеднички претседателски кандидат, кој се очекува да биде поддржан и од Алтернатива и ДПА, како и други партии.

Алијансата за Албанците и БЕСА, пак, соопштија дека ќе ја поддржат номинацијата на амбасадорот и универзитетски професор Блерим Река.

Тој од вчера се приклучи на списокот со официјални кандидати за претседател на кој е и Гордана Силјановска Давкова, зад чија кандидатура застана опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Првиот изборен круг за шестите претседателски избори е закажан за 21 април, а вториот ќе се одржи на 5 мај.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...