Црногорската опозиција го нападна Талат Џафери и го обвини дека пукал во македонски полицајци ВИДЕО

3435

На седницата на црногорскиот парламент кој денеска го ратификуваше протоколот за пристап на Македонија во НАТО дојде до инцидент и конфликт во кој вербално беше нападнат македонскиот претседател на Собранието Талат Џафери, пренесе Вијести.

Лидерот на Нова српска демократија Андрија Мандиќ рече дека неговата партија нема да го поддржи протоколот за пристапување на Македонија во НАТО и им приговараше на пратениците од ДПС, кои свечено го дочекаа Џафери.

– Тој е најпознат по носењето автомат и пукањето во македонски полицајци. Срам да Ви е – рече Мандиќ.

И пратениците Јован Вучуровиќ и Милун Зоговиќ му рекоа на Џафери дека бил член на терористичка организација.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...