Алваро Бенито, тренерот на младинскиот тим на Реал Мадрид, беше отпуштен откако ги критикуваше ѕвездите на клуб. Тој остро говореше по поразот на Реал од Барселона (0:3) во средата во полуфиналето на шпанскиот куп.
– Проблемот е што некои играчи се далеку од нивното ниво. Каземиру не е доволно добар да игра за Реал Мадрид ниту една минута. Кроос е фантастичен кога ветрот дува во негова корист, а кога не, се раствора.
За овие зборови, Бенито беше отпуштен. Се очекува дека на негово место ќе биде поставен легендата на клубот, Раул.