Шекеринска пред војниците: Ви гарантирам дека ниту еден ваш денар не смее да биде загрозен

304

 На овој голем јубилеј треба да бидеме горди што конечно ни припаѓа и за кое се боревме 25 години, чекорот што го направивме кон нашата долгогодишна стратешка цел ја менува реалноста во која живееме и во која вие ќе работите. НАТО за нас веќе не е Алијанса кон која сакаме да се вклучиме. Ние сме НАТО, им порача вицепремиерката и министер за одбрана Радмила Шекеринска на припадниците на Полкот за специјални операции (ПСО) на денешната прослава на Денот на ПСО и на 25 годишнината од формиањето на специјалните сили.

– Вие, припадниците на Полкот за специјални операции сте една многу важна алка од синџирот кој ја овозможи оваа наша реалност. Вие сте секогаш и секаде први и секогаш чекор понапред. Вие сте предводници на нашата Армија, рече во обраќањето министерката Шекеринска.

Бидете горди, нагласи меѓу другото, затоа што заедно со останатие припадници на АРМ, помогнавте  знамето на Република Северна Македонија да го поставиме пред Алијансата во Брисел.

Споменувајќи ги мировните мисии во Ирак, во Авганистан и операцијата „Феникс“, каде првпат македонски и американски војници извршуваа сложени задачи рамноправно, Шекеринска истакна дека листата на достигнувања е долга, но, подвлече, најголемиот успех го забалежувате кога на оваа држава и е најтешко, посочувајќи на последната сообраќајна несреќа кај Ласкарци, но и во сите можни кризи пожари, поплави и граѓански катастрофи.

Шекеринска вети дека ќе се вложат напори за повеќе средства во одбраната, за подобри услови за работа, подобра опрема, повисоки приходи. Одбранбениот буџет секоја година континуирано расте, оваа година, потсети,  33 проценти повеќе од минатата година.

Секоја наредна година се очекува буџетот да се зголеми за 0,2 проценти поени од БДП, рече министерката за одбрана и најави дека секоја година ќе има обезбедено повеќе пари  и за лични средства и за модернизација и за подобри услови за работа. Додаде оти платите пораснаа во 2018 година за 10 проценти, а оваа со дополнителни пет проценти.

– Стојам пред Вас со чист образ дека се што сум најавила овде сум го испорачала и сум го остварила. Сакам да Ви порачам дека ќе лажат и ќе манипулиураат, но јас како министерка во Владата посветена на одбраната, Ви гарантирам дека ниту еден денар од вашите приходи не смее да биде загрозен. Ќе продолжиме таму каде застанавме. Две години по ред зголемување на плати, враќање назад на платените дежурства, обезбедување  на јубилејна награда која со години не се исплаќала. На тој начин еден по еден чекор ќе обезбедиме поголеми надокнади, подобри услови и ваше задоволство како припадници на важна институција, вети министерката за одбрана Шекеринска.

Командантот на ПСО бригаден генерал Методи Хаџи-Јанев им порача дека можат да бидат горди на професионализмот што го имаат, но и на постигнатите резултати. Професионализмот, храброст, одважност, лидерството, хуманоста и  пожртвуваноста, истакна, ќе останат да бидат основни водилки и во иднина.

– Пред нас остануваат значајни цели, отвораме нова историја, патот кон НАТО нема да биде лесен но патот во НАТО ќе не држи и понатаму на високо рамниште таму каде припаѓаме, рече Хаџи-Јанев, додавајќи дека во изминатиот период припадниците на специјалните сили беа првите кои кога НАТО беше само апстракција, рече, започнавме да имплементираме професионализам и да го трасираме патот кон она што 25 години мечтаевме.

– Придонесуваме секој граѓанин на оваа држава да се буди и да легнува под знамето на слободата и под превезот на демократијата што вие го чувате, рече командантот на ПСО, бригадниот генерал Методи Хаџи – Јанев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...