Мицкоски и на европратениците им кажал дека бара опозициски јавен обвинител

278

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на работен ручек со европаратениците Едуард Кукан, Кнут Фленкенштајн и на средба со европратениците Кристијан Дан Преда, Илхан Коучук, и евроамбасадорот Самоил Жбогар им се пожалил за лошата политичка и економска состојба и доцнењето со исполнување на обврските од евроагендата, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

– Мицкоски истакна дека власта наметнува недемократски амбиент и поделеност на општеството служејќи се со притисоци и прогон врз опозицијата и неистомислениците и во такви едни услови создадени од власта ВМРО-ДПМНЕ одлучи да го замрзне своето учество во процесот Жан Моне, ценејќи ја неговата функција но неоправдувајќи ги методите со кој се служи власта, стои во соопштението.

Тој посочил дека корупцијата и криминалот останува еден од главните проблеми во државата, како и недостатокотот на правна држава и владеење на право. Според Мицкоски, власта создава систем во кој има зависно судство, политизирано обвинителство кои се ставаат во функција на политичките цели на актуелната партија на власт. Сето ова придонесува до голем застој во реформите врзани со европската агенда која не е приоритет за актуелната влада.

– Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше истакнато дека треба да се овозможи јавен обвинител на предлог од опозицијата кој ќе се справи со сомнежите за криминал и да овозможи борба против корупцијата, и дека власта треба да го прифати ова барање доколку навистина суштински се залага за правна држава и владеење на правото, се вели во соопштението.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...