Изгледа дека драмата која беше предизвикана од Тристан Томпсон, Џордин Вудс и Клои Кардашијан не беше доволна па веднаш се појавија нови проблеми.
Имено, најмладата сестра од кланот Кардашијан-Џенер, Кајли Џенер го обвини своето момче, Тревис Скот за неверство.
Како што пренесува Космополитан, Тревис наводно тајно го откажал својот настап за да ја изненади Кајли и ќерката Сторми, но таа наместо со насмевка го пречека со докази за неверство.
Парот, како што тврдат извори блиски до нив, имал жестока расправија околу тоа, поради што Тревис повторно одложил настап за да ја реши ситуацијата.
Но, раперот одлучи да ги негира сите гласини, па за „Е!Њуз“ изјавил дека ништо од наведеното не е вистина, туку дека настапите ги пропуштил бидејќи бил болен.
Кајли засега нема искоментирано ништо.
ФОТО: EPA/NINA PROMMER